Што му треба на Ливерпул да биде шампион според Салах?

Што му треба на Ливерпул да биде шампион според Салах?

Фудбалерите на Ливерпул го добија Челси со 2-о и уште еднаш потврдија дека по никоја цена не сакаат да ја испуштат титулата во Премиер лигата во оваа сезона.

Составот од „Енфилд Роуд“ во моментов е на првата позиција со 85 бодови или два повеќе во однос на главниот конкурент за врвот Манчестер Сити со тоа што мора да се потенцира четата на Јирген Клоп има одиграно и еден натпревар повеќе.

Сепак без разлика на тоа што „граѓаните“ имаат еден меч помалку, во таборот на „црвените“ се убедени дека ќе дојдат до толку посакуваниот успех и тоа под еден услов, да ги добијат сите преостанати средби со Кардиф, Хадерсфилд, Њукасл и Вулверхемптон.

-Според мене, да-истакнал Мохамед Салах на прашањето дали четири победи ќе им бидат доволни за да дојдат до пехарот.

-Ните треба да се фокусираме на нашите натпревари. Се надеваме дека Сити ќе загуби поени. Премиер лигата е најважното нешто за мене. Го следам Сити за да ги видам резултатите. Може да ви помогне и турне да бидете подобри. Се фокусиравме на нашиот натпревар, ама го знаев резултатот на Сити (против Палас), -дополни напаѓачот на Ливерпул.