Што мисли Мурињо за Роналдо и неговата игра во Реал Мадрид?!

Што мисли Мурињо за Роналдо и неговата игра во Реал Мадрид?!

Португалскиот стручњак, Жозе Мурињо имаше можност да соработува со Кристијано Роналдо и во неколку наврати има порачано дека големата ѕвезда на Реал Мадрид е најголемиот професиналец кој некогаш го сретнал во фудбалот, а сега актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед даде една интересна изјава за својот сонародник кој во изминативе години повеќепати се поврзуваше со заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

Тоа им дозволи на англиските медиуми да шпекулираат за можно сензационално враќање на Кристијано на „Олд Трафорд“, сценарио кое Мурињо сега се обиде да објасни зошто е неостварливо. Мурињо признава дека во ниту еден момент откако е менаџер на Јунајтед не помислил да испрати понуда за Роналдо, бидејќи според него, вратите во Реал се затворени за него и тој не смее да го напушти клубот.

– Сметам дека Реал не смее да го продаде Роналдо, а воедно и не сака. Забрането е Роналдо да си замине од Реал. Роналдо ќе остане во Реал се додека тие не му дозволат да замине една година во Америка или во било кое друго место на светот за да ужива. Станува збор за затворена врата од Реал, – вели Мурињо во интервјуто за „Рекорд“.