Што ќе работи Роналдо кога ќе се пензионира?

За време на „Глуоб сокер авардс“ Кристијано Роналдо го доби признанието за најдобар светски фудбалер, а бидејќи негов соговорник за време на церемонијата беше Алесандро Дел Пјеро, по истата даде и ексклузивно интервју за „Скај Италија“ во кое улогата на новинар ја имаше токму легендата на Јувентус.

Роналдо веќе ни откри дека тој не ја донел одлуката за преселба во Манчестер Јунајтед кога како тинејџер си замина од Спортинг Лисабон, а исто така даде и свое видување за тоа што планира да прави по крајот на играчката кариера.

– Сега сум само концентриран на тоа што треба да го правам на теренот, иако свесен сум дека порано или подоцна ќе морам да се пензионирам. Мојот живот по фудбалот ќе биде навистина убав, сигурен сум во тоа. Не го кажувам тоа поради заработените пари, туку поради желбата да правам нешто друго. Сакам да почнам да правам филмови, тоа ќе ми биде примарна занимација, а потоа сакам да имам свои хотели, свои теретани, моја линија на облека во „Најк“. Се гледам како бизнисмен, – вели Роналдо во разговорот со Дел Пјеро.