Што кажа Јелена Карлеуша за скандалот со Врањеш?

Што кажа Јелена Карлеуша за скандалот со Врањеш?

Јелена Карлеуша пред неколку месеци беше гостинка во популарната емисија „Шок Ток“ на телевизија „Прва“.

Пејачката проговори за новиот албум по осум години.

„Во овие осум години не е дека не сум работела ништо. Пет години работа во „Ѕвездите на Гранд“, сериозен музички проект, четири дуети за ова време. Поминаа осум години. Фановите се незаситни, а јас одам низ маките на бурниот живот“ – рече Карлеуша и додаде:

„Станува збор за гигантски проект. Ќе ви откријам дека албумот ќе се вика „Алфа“ – истакна пејачката.

Јелена конечно за првпат проговори за тешкиот период и скандалот со Огњен Врањеш.

„Сакав да кажам нешто на таа тема. Молчев долго време. Чекав еден страшен период да остане зад мене. Не само оваа година, туку и претходната. Поминав низ медиумски атентат, тоа се нарекува медиумски линч“ – посочи Карлеуша, која потоа додаде:

„Вистината е дека сите фотографии што беа поставени се создадени без моја дозвола, без мое знаење. Тоа е содржина за која не знаев. Со тие фотографии ми се заканија. Тоа му наштети на мене и моето семејство. Луѓето што стојат зад тоа се нехумани. Човекот кој стои зад тоа е ситен, мал. Тука не се зборува за мажественост. Нема чест, нема мажественост. Моето семејство помина низ пекол и јас самата тешко го поднесов тоа“ – истакна пејачката и додаде дека била жртва на уцена:

„Ме уценуваа со тие фотографии. Ултиматумот беше да бидам со некој со кого никогаш не сум бил. Мојот џелат не беше тоа сиромашно момче, туку некои медиуми. Мајка ми почина по сево ова“ – вели Јелена, а на прашањето како влијае сето ова на нејзиното семејство, пејачката почна да плаче, па мораше да биде прекината емисијата.