Шпанија е противникот на Хрватска во финалето на ЕП

Шпанија е противникот на Хрватска во финалето на ЕП

„Фуријата“ во второто полуфинале со 34:32 ја совлада Словенија и во недела ќе се бори за титулата.

Ракометната репрезентација на Шпанија ќе ја предизвика Хрватска во борбата за европската титула откако во полуфиналето беше поуспешна од Словенија.

Шпанците фуриозно го одиграа првото полувреме кое го добија со 20:15, а во идентичен ритам продолжија и во воведните минути од вториот дел. Откако направија разлика од седум гола (23:17).

Шпанците се опуштија ѝ им дозволија на ракометарите на Словенија во последните пет минути да се вратат во игра и во последната минута да влезат со минимална негатива (33:32). Сепак, во последниот напад Шпанците погодија и обезбедија пласман во финалето.