Шон Мендес и Камила Кабејо се во врска

Шон Мендес и Камила Кабејо се во врска

Со години наназад се шпекулира дека Шон Мендес и Камила Кабејо се во врска, а со објавувањето на нивниот заеднички дует „Señorita“, тие гласини уште повеќе се засилија.

Иако тие во минатото одрекуваа дека имаат романтични чувства, вчера, двајцата млади музичари беа фотографирани додека шетаа рака за рака и се прегрнуваа во Лос Анџелес.

22-годишната пејачка и 20-годишниот пејач изгледаат како повеќе од пријатели на папараци фотографиите.