Шкриниар ја продолжи соработката со Интер

Шкриниар ја продолжи соработката со Интер

Словачкиот репрезентативец, Милан Шкриниар стави потпис на нов договор со калчолигашот Интер според кој ќе остане на „Џузепе Меаца“ до 30 јуни 2023 година.

Дефанзивецот од 2017 година е дел од „нероаѕурите“, а со своите партии го привлече вниманието на дел од екипите како Манчестер Сити, Барселона…, но неговиот избор беше да остане во сегашната средина и тоа му се оставри. Преговорите за новиот договор траеја неколку месеци, меѓутоа тоа се исплатеше, Милан и клубот си подадоа рака, па со опримизам гледаат на следните битки и предизвици.

Шкриниар во Интер дојде до Сампдорија, досега има одиграно 84 натпревари од кои 40 се во оваа кампања.