Шкендија и Вардар со по еден бод

Шкендија и Вардар со по еден бод

Шкендија и Вардар освоија по еден бод во првото дерби во новата сезона на Првата македонска фудбалкса лига, кое денеска во Тетово заврши со резултат 2:2.

Вицешампионот одлично го отвори резултатот откако поведе во 5. минута преку Барсегјан, а Шкендија мораше да чека на израмнување до 54. минута кога Ибраими стрелаше за домаќините. Веднаш потоа Алими доби втор жолт картон и исклучување, но Шкендија успеа и со играч помалку да направи пресврт и тоа со голот на резервистот Бојку во 73. минута.

За реми и бод за гостите од Скопје се погрижи Попов со атрактивен гол со удар од далечина во 86. минута, со кој ги постави конечните 2:2 во средбата од првото коло во ПМФЛ.

Многу возбудувања имаше и на вториот натпревар, на кој Ренова го победи Работнички на гостински терен со 4:3.

Сулејмани и Јусуфи донесоа брзо водство од 2:0 за Ренова, Петковски намали, но Стојановски за кратко донесе предност за Ренова од 3:1. Стјепановиќ повторно ја врати неизвесноста, но Стојановски со вториот гол ја најави победата на гостите. Автоголот на Ренова значеше конечни 3:4 и пораз за Работнички пред своите фанови во Скопје.