Шест магични празнични дестинации кои мора да ги посетите!

Шест магични празнични дестинации кои мора да ги посетите!

Прекрасно е да ги поминете празниците во кругот на семејството и со пријателите, но дали размислувате понекогаш да раскинете со традицијата и да отпатувате во некој град, каде магијата на празниците е толку убава што ќе посакате тоа патување да трае засекогаш?

Европските градови се фантастични за време на зимата, особено доколку снегот е во комбинација со улични божиќни светла и празнично декорирани излози, кои во секој од нас будат еден вид носталгија за детството.

Носталгијата која нè враќа во периодот кога домот ни мирисаше на торта со рум и борови иглички, греено вино, цимет, мандарини и она кога едвај чекавме да видиме што ни оставил Дедо Мраз под елката.

Има градови кои во себе сè уште имаат магијата на новогодишните и божиќните празници, па затоа доколку посетите некој од нив, длабоко ќе се навратите во детството и многу ќе се забавувате.

Празничната магија вклучува и уметничко лизгање под отворено небо, турнеја нниз ултра луксузни хотели и гласање кој хотел најубаво ја декорирал својата елка, новогодишни звуци додека ги гледате најубаво украсените излози, секако, тука спаѓа и мелодијата „Јingle bells“, која дискретно се слуша низ улиците, додека под стопалата ви крцка снегот.

Ваква магија ви нудат Њујорк, Лондон, Санкт Петербург, Тоскана, Нирнберг, Талин и многу други градови ширум светот. Спакувајте ги куферите и отидете на едно незаборавно патување кое ќе ви донесе многу радост и забава.

Њујорк

Тоскана, Италија

Лондон, Англија

Нирнберг, Германија

Санкт Петербург

Талин, Естонија