Шерил Кол ја раскина двегодишната врска

Шерил Кол ја раскина двегодишната врска

Шерил и Лиам Пејн одлучија да стават крај на нивната врска. Славниот пар, кој заедно има едногодишен син, со емотивен пост на Twitter им ја соопшти веста на обожавателите.

35-годишната пејачка и 24-годишниот поранешен член на One Direction напишаа: „Со тага објавуваме дека ние тргнуваме по различни патишта. Ова беше тешка одлука за нас. Сè уште имаме многу љубов еден за друг како семејство. Беар е наш свет и ве замолуваме да ја почитувате неговата приватност додека да го пронајдеме заедно нашиот пат.“

Шерил и Лиам се запознаа за време на снимањето на „The X-Factor“ во 2010 година, кога Лиам се натпреваруваше во шоуто за таленти.

Тие за првпат се појавија во јавност како пар во мај 2016 година, додека Шерил се разведуваше од Жан-Бернард Фернандез-Версини. Нивниот развод беше финализиран во ноември 2016 година.

Синот на Шерил и Лиам, Беар, се роди во март минатата година.