Шекил О’Нил со свое видување за тоа кој е најдобар играч во моментов

Шекил О’Нил со свое видување за тоа кој е најдобар играч во моментов

Шекил О’Нил е еден од играчите кој одбележа една ера во НБА лигата, играч за кој многумина сметаат дека е најдоминатниот центар во историјата на најквалитетното натпреварување на планетава.

Токму поради ова и поради се што има постигнато во кариерата, зборот на Шек има голема тежина, па така е во овој случај во кој тој имаше можност да ги посочи трите најдобри играчи во моментов во НБА лигата.

Ленард игра вистинска игра. Кога судиите нема да досудат лична грешка над него, тој не покажува незадоволство, едноставно игра. Кавај е мешавина на старата и новата школа. Можеби е меѓу тројцата водечки во лигата. Леброн е на првото место, а Дурент е најблиску до втората позиција – истакна поранешниот ас на Лос Анџелес Лејкерс.