Шарлиз Терон повторно дел од „Брзи и бесни”

Шарлиз Терон повторно дел од „Брзи и бесни”

Шарлиз Терон ќе ја повтори својата улога во „Брзи и бесни 9“, објави на Инстаграм глумецот Вин Дизел, главниот протагонист од претходните осум дела од приказната.

Таа се појави во осмиот филм од серијалот пред две години, како главната негативка, кибертерористката Сајфер.

Двејн Џонсон и Стејтам, односно „Хобс и Шо“, „се одметнаа“ од тимот и снимија свое спин-оф продолжение на сагата, па најверојатно нема да ги видиме во „Брзи и бесни 9“. Ликот на Мирен – Магделен Шо е дел и од „Хобс и Шо“.

Деветтиот филм од серијалот „Брзи и бесни“ својата премиера ќе ја има во мај 2020 година.