Шарапова од досада, го објави телефонски број (ФОТО)

Шарапова од досада, го објави телефонски број (ФОТО)

Марија Шарапова на крајот на февруари објави дека ја прекинува својата тениска кариера. Познатата Русинка денес е во Соединетите Држави, таа е во самоизолација и очигледно и е досадно.

Поточно, Шарапова јавно го објави својот телефонски број на социјалните мрежи и им порача на сите нејзини следбеници „да испратат порака, да и кажат како се и да ја прашаат нешто.“ Или едноставно да ја поздрават или да и препорачаат некој добар рецепт.

Сепак, Шарапова посочува дека не само што одлучила да „убие време“, туку дека дошла до идеја откако учествувала на конференциски повик минатата недела со 150 обожаватели. Тоа беше маркетиншки трик смислен од нејзините спонзори.

„Само што добив 310“, рече Шарапова во еден момент, алудирајќи на американскиот позивен број. Ова веројатно сепак значи дека бројот што го објави не е оној што го користи за приватни цели.