Шакира не сака да се омажи за Жерард Пике!?

Шакира не сака да се омажи за Жерард Пике!?

Десет години трае љубовта меѓу Шакира и шпанскиот фудбалер Жерард Пике, но се уште не застанале пред олтарот.

Познатата пејачка сега откри дека постои голема причина за тоа и дека таа е таа која го кочи фудбалерот да го постави судбоносното прашање.

„Не сакам да се омажам, бракот ме плаши. Не сакам да ме гледа како своја жена, туку како своја девојка, љубовница. Тоа е како забрането овошје, подобро да го држам на прстите и да мисли дека се е можно, зависно од неговото однесување“, рекла Шакира.

Парот се запозна за време на Светското првенство во Јужноафрикансакта држава. Тој настапуваше за репрезентацијата на Шпанија, а таа ја пееше химната на првенството.