Севилја го отпушти тренерот Винченцо Монтела

Севилја го отпушти тренерот Винченцо Монтела

Винченцо Монтела само четири месеци се задржа на клупата на Севилја и по серијата на лоши резултати, челниците на клубот од Андалузија, му врачија отказ на италијанскиот тренер.

По синоќешниот пораз од Леванте (2:1), во Севилја го загубија трпението со Монтела, ја раскината соработката со него, а до крајот на сезоната клубот ќе го предводи искусниот Хоакин Капарос (62).

Монтела со Севилја последната победа ја забележа на 13.март, кога на „Олд Трафорд“ го елиминира Манчестер јунајтед од Лигата на шампионите. Во шпанската Ла Лига, Севилја последен пат победи на 3.март, во дуелот со Атлетик Билбао.

Под водство на Монтела, Севилја, забележа неколку катастрофални порази, дома од Бетис (3:5), Атлетико Мадрид (2:5) и Валенсија (0:2), односно на гости кај Еибар (5:1) и Селта (4:0).

Минатата сабота Барселона ја прегази Севилја со 5:0 во финалето во Купот на Шпанија.

Наследникот на Монтела, Капарос во кариерата веќе ја има предодено Севилја и тоа во периодот од 2000 до 2005 година.