Сеуште имате изговор ? Млад бодибилдер со даунов синдром учествуваше на бодибилдинг натпревар!

Сеуште имате изговор ? Млад бодибилдер со даунов синдром учествуваше на бодибилдинг натпревар!

Collin Clarke, спортист со Down Syndrome (даунов синдром) го оствари својот сон. Овој 22 годишен бодибилдер се натпреваруваше во Kentucky Muscle Bodybuilding Championships, правејќи едно неверојатно патување кое инспирираше многумина, вклучувајќи го и 4 кратниот Mr.Olympia – Jay Cutler. Jay cutler не присуствуваше на настанот, но се погрижи да му испрати подарок, заедно со нова бодибилдинг мантра наменете за него – chase the dream.

“Можеби ќе почнам да плачам како мало бебе…навистина не можам да го изразам чувството што го доживеав” изјавил Collin во интервју за локална телевизија. “Се надевам дека ќе можам да продолжам да се натпреварувам, но ќе биде тешко.”

Навистина бил долг патот за Collin, просечен 22 годишник кој само пред1 година бил целосно надвор од форма и работел канцелариска работа во теретана. Тој станал пријател со персоналниот тренер Glenn Uberhor. Двајцата започнале да соработуваат, Collin почнал да прати строг режим на исхрана и тренинг програма, тој успеал на намали 25 килограми и новата интернет сензација беше родена.

“Се што направивме до сега ги надмина сите очекувања кои ги имавме поставено” изјавил неговиот тренер.