Сестрата на Дуа Липа заплива во дизајнерските води

Сестрата на Дуа Липа заплива во дизајнерските води

18-годишната сестра на Дуа Липа креираше модна колекција во соработка со брендот Nasty Gal.

Колекцијата се состои од 30 модели и е инспирирана од модата во 90-тите години. Фотосесијата била снимена на Venice Beach во Лос Анџелес.

„Бев прилично стереотипно девојче кое ја сакаше розовата боја, но сега се променив. Низ годините бев под различни влијанија и сега секогаш избирам поурбан изглед, поколоритен“– вели Рина, која е и модел, актерка и танчарка.