Серхио Рамос го чека Нејмар во Реал Мадрид!

Бразилецот Нејмар минатото лето ја шокираше фудбалската јавност откако одлучи да се пресели во редовите на париски ПСЖ.

Нејмар се пресели на „Паркот на принцовите“ за рекордни 222 милиони евра, а шпанските медиуми денес шпекулираат дека тој би можел некогаш да се врати во Шпанија, но во дресот на Реал Мадрид, а во прилог на тоа одат последните изјави на Касемиро и Серхио Рамос.

„Тој е ѕвезда. Точно знае што прави. Тој е голем играч и секогаш е добредојден во Реал Мадрид. Се надевам дека ќе дојде, но моментално тој е среќен во својот клуб“, изјави Касемиро после ремито на Англија и Бразил на „Вембли“.

Овој коментар на Касемиро доаѓа само неколку дена подоцна откако капитенот на „Кралскиот клуб“, Серхио Рамос порача дека на Нејмар секогаш му е „отворена вратата“ на „Сантијаго Бернабеу“.

„Сакаме најдобрите да се кај нас, а јасно е дека Нејмар е еден од најдобрите. Можеби за него беше полесно да оди во ПСЖ, отколку директно да дојде во Реал Мадрид. Тоа се лични одлуки. Никогаш не знаете што ќе се случи, фудбалот е таков. За него вратите се отворени ако сака да дојде. Јас веќе имам добар однос со него“, изјави Серхио Рамос.