Сергеј Сироткин неуморно се подготвува за трката во Австралија!

Сергеј Сироткин неуморно се подготвува за трката во Австралија!

Сергеј Сироткин смета дека последниот ден тестирање бил најдобар за него, ден во кој комплетира 105 кругови и постави 10то најбрзо време.

Возачот на Вилијамс кој ќе биде дебитант сезоната и ќе вози заедно со Шарл Леклер, смета дека временските услови му дале одлична можност да прибере многу податоци за болидот и пневматиците кои треба да се анализираат.

„Последниот ден дефинитивно беше најдобар за мене последните две недели, комплетиравме доста кругови како утрото така и попладнето. Работевме проценка на сетирањето со различни компоненти и различно ниво на гориво така што беше интересно. Времето беше на наша страна што го направи болидот многу константен и лесен за возење“, појасни Сироткин.

Русинот е свесен дека им претстои анализа по крајот на тестот, а во пресрет на првата трка и се надева дека екипата може да ги испегла проблемите кои се појавиле на тестот.

„Дефинитивно најдобар тест ден за тимот. Проблеми јасно е дека постојат, но тие не се големи, ср работи за ситници кои треба да се анализираат и да се решат пред трката во Австралија, но барем ги најдовме сега, а не во сезоната. Треба прописно да ја сработиме домашната работа и целосно подготвени да се појавиме во Австралија“.