Serena Williams повторно во модните води

Serena Williams повторно во модните води

Прославената американска тенисерка Серена Вилијамс, дама која е најуспешна во женските и машките натпреварувања во однос на бројот на освоени титули на Гренд Слем (23), уште еднаш успешно се впушти во модните води. Таа заблеска во серија извонредни црно-бели фотографии, како дел од новата, пролетно-летна кампања на познатиот дизајнер на чевли, Stuart Weitzman.

Серена е фотографирана од модниот фотограф Ethan James Green, додека летниот стајлинг го дизајнираше стилистката Gabriella Karefa-Johnson. Серена ни покажа како да носиме ги најголемите модни хитови за претстојното лето, од елегантни, безвременски бели потпетици до трендовски рамни чевли и супер заводливи, екстремно секси сјајни сандали со високи потпетици.