Серена Вилијамс се приближува кон 24-та Гренд слем титула

Серена Вилијамс се приближува кон 24-та Гренд слем титула

Серена Вилијамс во четврфиналето на УС Опен успеа да ја победи конкурентката Каролина Плишкова.

36-годишната ветеранка со 2:0 (6-3, 6-4) ја елиминираше најголемата фаворитка за титулата на УС Опен. Иако Вилијамс лошо го започна мечот и губеше во првиот сет со 1-3, сепак се врати и го освои првиот сет и ја превзема иницијативата до крај.

Следен противник во полуфинале ќе и биде Анастасија Савастова, која ја победи минатогодишната победничка на УС Опен, Слоун Стивенс. Вилијамс полека но сигурно се приближува кон рекордот на Маргарет Корт, која има освоено рекордни 24 Гренд слем титули.