Серена Вилијамс се најде на насловната на Harper’s Bazaar

Серена Вилијамс се најде на насловната на Harper’s Bazaar

Серена Вилијамс се најде на насловната страница на августовското издание на Harper’s Bazaar.

37-годишната тенисерка смело позираше во златни креации за фотографиите кои не се обработувани во Фотошоп.

За списанието, Вилијамс објави и есеј во кој зборува за скандалот во финалето на УС Опен минатата година. Таа објаснува дека не можела да пронајде мир по инцидентот и морала да започе терапија. „Ќерка ми е причината поради која повторно зедов рекет в рака“ – вели Серена.

„Уште кога бев мало девојче, чувствував потреба да го искажам своето мислење и да бидам слушната. Никогаш нема да престанам да го повишувам мојот глас против неправдата“ – додава Вилијамс.