Сепак на Ким и не и е сеедно што третото дете на свет ќе го донесе сурогат мајка!

Ким Кардашијан веќе e среќна со своите две деца, но сепак реши да оди и на трета среќа преку сурогат мајка. 

Жената која треба да го донесе на свет третиот член на семејството Кардашијан-Вест беше забележана во септември, но нејзиниот идентитет се уште не е познат за јавноста.Оваа недела Ким откри дека да се има дете преку сурогат мајка е многу потешко отколку тоа да се изведе самостојно, но и го потврди полот на нејзиното трето дете, кое е девојче.

-Знаете, навистина има разлика. Секој кој вели или мисли дека е полесен начин тотално греши. Мислам дека е потешко да се поминува на овој начин бидејќи навистина не може да се има контрола. Одбирате некого во кој имате голема доверба, имате добри односи со него, но сепак..Знаејќи дека бев способна да се грижам сама за моите први две деца, но не и за ова е тешко за мене. Дефинитивно е потешко искуство отколку што очекував, вели познатата старлета.

Mommy & Son day today

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Таа вели дека не се чувствува подготвена за доаѓањето на ова дете бидејќи нема физички потсетник за тоа.
На прославата за третото дете на Ким и Каније својата радост ја споделија со нивните семејства и пријатели, но се чини дека единствената личност која не беше таму беше сурогат мајката.