Семејството Живојиновиќ ќе престојува еден месец на неколку луксузни дестинации

Семејството Живојиновиќ ќе престојува еден месец на неколку луксузни дестинации

По напорниот период кој што го имаше Лепа Брена, Боба Живојиновиќ се одлучи да ја почести својата сопруга со егзотичен одмор.

Тие на 4 јануари заминуваат за Виетнам, а со нив ќе дојдат и нивните деца Виктор и Стефан. Потоа тие имаат турнеја, а пред истата ќе го посетат и Тајланд, Сингапур и Бали, а по турнејата заминуваат за Нов Зеланд и Бора Бора.

Пејачката најави враќање во родниот Белград дури во февруари, а заедно со својот син Стефан имаат закажано и турнеја во Австралија.

За српските медиуми нејзиниот сопруг вели дека неговата Беки заслужува да и подари одмор на најегзотичните места во светот.