Селма Хаек говори за нејзиниот приватен живот!

Селма Хаек говори за нејзиниот приватен живот!

Селма Хаек и нејзиниот сопруг Франсоа Анри Пиноа веќе десет години се во брак, но шармантната глумица често не сака да зборува за тоа како тие двајца се запознале. А, има добра причина за тоа.

“Тоа е толку романтична, неверојатна приказна, но моја е. Не сакам да ја вулгаризирам така што ќе ја претворам во приказна која ќе ме направи уште поинтересна”, рекла за американски магазин.

Селма и францускиот бизнисмен се повеќе од успешни во работата со која се занимаваат, а нивната љубовна приказна главно останала приватна во последните 10 години. Кога нивната романса започнала, Хаек имала 39 години, а кога ја родила својата ќерка Валентина имала 41 година.

“Мислам дека сум подобра во улогата на мајка, бидејќи ја родив мојата ќерка малку подоцна”, рекла таа. “Но, уморна сум. Нема да лажам”.

View this post on Instagram

#lacma #gucci #gala

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) on

Што се однесува до нејзината десна рака, Пиноа го нарече “најдобриот сопруг на светот”. Таа за него вели: “Јас кога сум со него сум она што навистина сум. И не се чувствувам дека некој се обидува да ме ограничи во било кој поглед”.

Глумицата е особено искрена кога говорела за реакцијата на луѓето за нејзината венчавка со Пиноа: “Многу луѓе беа шокирани што се омажив за оној за кого се омажив. А, некои луѓе сега на некој начин се плашат од мене”.

“Но, тоа е уште еден начин на покажување на расизам. Тие не можат да веруват дека оваа Мексиканка успеа во својот живот и им е непријатно во мое искуство”.