Селин Дион мами погледи во Париз

Селин Дион мами погледи во Париз

Селин Дион деновиве врти многу објективи и погледи кон себе во Париз.

Со необичните модни комбинации, музичката дива привлекува големо внимание во Градот на љубовта и светлината.

51-годишната ѕвезда беше фотографирана на неколку ревии и пред нејзиниот хотел, а во сите наврати носеше креации со екстравагантен елемент.

Освен што многумина го коментираат нејзиниот стил, не се малку оние кои изразуваат загриженост за нејзината слаба фигура. Сепак, Дион неодамна објасни дека слабото тело ѝ е резултат на желбата за танцување. „Слаба сум? Вистина е дека сум малку послаба. Сè е во ред. Нема никаков проблем. Открив нова страст – танцување… Луѓето велат: ‘Таа е многу послаба’, но јас работам напорно. Сакам да се движам, а со тоа доаѓа и губењето тежина“ – рече таа.

Дион е во Париз по повод неделата на висока мода, а низ улиците на француската метропола сними и моден едиторијал.