Селена Гомез се враќа во стил!

Иако од почетокот на 2018та година јавноста немаше прилика да ја види, таа неодамна во еден ден воодушеви со дури два одлични стајлинзи.

Селена Гомез накратко се повлече од јавноста со цел да му се посвети на своето ментално здравје. По кавгата со мајка ѝ поради повторното смирување со Џастин Бибер, Гомез се пријавила во клиника за лечење на депресија и тегоби, каде престојувала две недели и сега повторно се чувствува добро, наведува E! News. А така и изгледа!

Пејачката е повторно бринета, а по излегувањето од клиниката е забележана на ручек со пријателките во одлично лежерно издание. Само таа може да изгледа волку шик во фармерки со трегери и широки ногавици кои одлично ги искомбинирала со кружна “Louis Vuitton” торбичка и сандали со полна пета.

Истата вечер, Селена била видена пред еден ресторан во Лос Анџелес во уште едно одлично и многу поелегантно издание. Пејачката носела долг сатенски фустан на преклоп и “моторџиска” крзнена јакна во повеќе бои, а иако споила неколку неспоиви парчиња облека, таа изгледала прекрасно.

Се чини дека нејзиното лекување добро ѝ дошло бидејќи пејачката повторно блеска.