Селена Гомез изненади на Коачела во необично издание

Селена Гомез изненади на Коачела во необично издание

Сезоната на фестивалите официјално е отворена, а овој викенд започна познатиот фестивал Коачела кој секоја пролет се одржува во истоимената пустинска долина во јужна Калифорнија и каде настапуваат најпознатите светски музички имиња.

Иако не била на листата на овогодинешни ѕвезди, најголемо внимание на првиот ден од фестивалот привлече пејачката Селена Гомез која изненадно се појави на сцената заедно со Карди Би, Озуна и Диџеј Снејк за сите заедно да го изведат нивниот хит “Taki Taki”.

Освен изненадниот настап, Селена ги воодушеви фановите со својот необичен фестивалски стајлинг. Пејачката облекла елегантно бело одело кое го искомбинирала со чипкаста блуза и шпиц чизми во иста боја, а белиот изглед го комплетирала со златен накит.

Инаку, на Селена ова ѝ е прв настап на Коачела, а иако изведе само една песна беше главна ѕвезда на првата вечер од фестивалот.