Селекторот на Англија избран за тренер на годината!

Селекторот на Англија избран за тренер на годината!

Герет Саутгејт во изборот на Би-би-си е најдобар тренер во годината што изминува.

Саутгејт ја предводеше Англија до полу-финалето на Светското првенство во Русија, а во Лигата на Нации избори пласман на завршниот турнир.

Поранешниот репрезентативец, селекторт на Англија стана во декември 2016 година, откако Сем Алардајс доби отказ. Претходно ја предводеше младата селекција на Англија.