Секоја чест! Макпетрол донира 3.200.000 денари во Министерството за здравство

Секоја чест! Макпетрол донира 3.200.000 денари во Министерството за здравство

Особено во време на потреба, важно е да се покаже солидарност и да сториме сè заедно за надминување на кризата која го подоги светот со појавувањето на коронавирусот. Поради таа причина, една од најреномираните македонски компании Макпетрол, на својот Фејсбук профил изјави дека ќе донира 3.200.000 денари за Министерството за здравство.

Земајќи предвид дека нашата, како и повеќето земји во Европа и Светот, се соочува со последиците од пандемијата со новиот Корона вирус, „КОВИД-19“, Макпетрол АД како општествено одговорна компанија одлучи да донира соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000,00 денари на Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Ова е време кога е потребна солидарност и поддршка. Во борбата против вирусот „КОВИД-19“ не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општество. Макпетрол АД е целосно подготвен и е на располагање за соработка со сите државни институции во борба против вирусот „КОВИД-19“. – напиша тие на својот профил.

Овој потег на компанијата Макпетрол е навистина за почит и искрено се надеваме дека ќе биде потик и за останатите компании, здруженија, поединци дека ќе се вклучат во заедничката борба против вирусот.