Секаде низ метрополата со CityAirbus летачко такси!

Секаде низ метрополата со CityAirbus летачко такси!

Компанијата Airbus планира да го активира своето летачко такси наречено CityAirbus уште наредната година, а оваа најава е дојдена по успешниот тест на леталото кое полетува и слетува вертикално. 

CityAirbus е напојуван исклучиво со батерии (со електрични Siemens мотори од 100 KW), и користи 4 пропелери да се движи низ густо населените градови и останати слични опкружувања, а може да пренесува до 4 луѓе.Главниот инженер на Airbus, Мариус Бебесел, изјавил дека сега тие имаат подобро разбирање на перформансите на иновативниот електричен погонски систем на CityAirbus, и дека ќе продолжат да го унапредуваат преку ригорозно тестирање за време на составувањето на комплетната демонстрација на летот на ова возило.

Првиот негов тест е закажан за крајот на 2018, и прво ќе биде управувано од далечина пред во него да влезе човечки пилот. Кога ќе биде на располагање за комерцијална употреба, ќе може да патува на фиксирани рути со најголема брзина од 120км/ч, а иако се работи за комплетно автономно летало, првите летови ќе бидат изведувани од пилоти за да се олесни сертификацијата и прифатеноста од јавноста.

Во наредните неколку години се очекува да видиме уште повеќе летачки таксија и разни сервиси, како што оваа технологија ќе се унапредува и тестира. На пример, германската стартап компанија E-volo планира да лансира такси сервис идната година, а од Uber имаат ветено дека нивните таксија ќе полетаат во 2020. Германската компанија Lilium, пак, само што добила фондови од 90 милиони долари за да го развијат нивното комплетно електрично такси кое во комерцијална употреба би требало да се појави до 2025.