Сека Алексиќ призна дека користи фотошоп

Сека Алексиќ призна дека користи фотошоп

Бидејќи има еден од најпратените Инстаграм профили на српската сцена, Сека Алексиќ се труди секоја објавена фотографија да изгледа што подобро.

Пејачката навистина изгледа беспрекорно скоро на секоја слика која ќе ја објави, а во неодамнешното интервју откри дека еден од нејзините трикови е и фотошоп.

Таа без срам призна дека редовно користи апликација за разубавување и фотошоп и додава дека во денешно време тоа е нормално.

Постојат милион апликации и филтери. Ова е ера на тоа. Не можеме сега да коментираме зошто некој користи фотошоп а некој не. Едно е битно – да нема голема разлика кога таа личност ќе ја видите во живо – изјави таа.

Сека исто така изјави дека за разлика од неа, нејзиниот сопруг не е фан на селфито.

Тоа што неговата сопруга е јавна личност не значи дека и тој мора да се фотографира. Не е тој тип на личност – додаде таа.

Jutro… 👫🥐🥤🍩

A post shared by Seka Aleksić | Artist (@seka_aleksic) on

🤗 Kad moj muž kaze STOP i 📸

A post shared by Seka Aleksić | Artist (@seka_aleksic) on