Себастијан Фетел убеден дека неговиот тим следната година ќе победи

Германскиот возач Себастијан Фетел е веќе подготвен за почетокот на следната сезона, во која сака да дојде до првата титула во својата кариера.

Оваа сезона мина во знакот на Хамилтон, кој на три трк пред крајот ја осигура својата четврта титула во Формула 1 шампионатот.

Германецот во разговор за Спорт Билд имаше пофални зборови за Хамилтон, но и истакна дека верува дека неговиот тим следната година може да стигне до титулата.