Се снима нова серија за кралското семејство

Се снима нова серија за кралското семејство

После хит-серијата на Нетфликс, „The Crown“, се снима уште една, посветена на кралското семејство, која носи наслов „Принцот“.

Дејствието во серијата ќе биде раскажувано од аспект на шестгодишниот принц Џорџ. Она што засега е познато е дека популарниот Орландо Блум ќе го позајми својот глас за принцот Хари.

Се работи за анимирана серија, а истата ќе биде дело на продукцијата на ХБО, кои стојат зад многу успешни телевизиски проекти.

Засега се шпекулира дека Кондола Рашад ќе го позајми гласот за Меган Маркл, Луси Панч за Кејт Мидлтон, Тон Холандер како принцот Филип и принцот Чарлс, Френсис де ла Тур како кралицата Елизабета, Иван Реон како принцот Вилијам, а Алан Каминг ќе биде гласот на батлерот на Џорџ, Овен.