Се смирува ситуацијата во редовите на Интер?

Се смирува ситуацијата во редовите на Интер?

Тренерот на Интер, Лучиано Спалети се заложил за нормализирање на ситуацијата околу Мауро Икарди која е во центарот на вниманието последната недела.

Аргентинецот одби да го продолжи договорот со клубот по што му беше одземена капитенската лента и тој не отпатува на гостувањето во Виена во Лигата Европа. Откако вчера беше исвиркан на Џузепе Меаца, Спалети вети дека ќе даде се од себе за да смират страстите.

Сакаме да се вратиме во нормална ситуација, ние од екипата издвојуваме многу време и имаме желба да се придвижиме во вистинската насока. Сметам дека Мауро треба повторно да биде дел од тимот – изјави Спалети.