Се смирија Бред Пит и Џенифер Анистон

Се смирија Бред Пит и Џенифер Анистон

Бред Пит и Џенифер Анистон повторно се во љубовна врска, пишува „Mirror“, а нивните пријатели откриле дека поранешните сопружници се обидуваат да ја вратат љубовта, страста и довербата која ја имале додека биле во брак.

Бред и Џенифер најмалку пет пати биле на љубовен состанок пред историската средба на црвениот тепих, тврдат нивните пријатели. Тие двајца наводно и празниците ги поминале заедно во вилата на Џенифер.

– Единственото нешто за што зборува е Џенифер. Ја обновија својата романса и не сум ги видел волку среќни веќе неколку години – изјавил колегата на Бред.