Се самоуби Ентони Бордејн

Се самоуби Ентони Бордејн

Светски познатиот готвач и раскажувач, Американецот кој не прошета по светот и ни ги прикажа сите откачени јадења, Ентони Бордејн, се самоубил, објави „Си-ен-ен“. Бордејн имаше 61 година.

„Со огромна тага соопштуваме за смртта на нашиот драг колега и пријател Ентони Бордејн. Неговата љубов кон авантурите, новите пријателства, убавата храна и пијалок беа пресликани во неговите емисии. Неговиот стил беше единствен. Многу ќе ни недостига“, пишува во изјавата на „Си-ен-ен“, која беше објавена во петокот утринава.

Бордејн беше во Франција каде што се снимаа новите епизоди од неговата емисија. Неговиот близок пријател Ерик Риперт, францускиот готвач го пронашол мртов во неговата хотелска соба утринава.