Се разведуваат поради секс во тројка

Се разведуваат поради секс во тројка

Раперката Карди Би се разведува од музичарот Офсет по само 15 месеци брак, од како со своето признание ги шокираше своите обожаватели, а сега протекоа и детали за можната причина за разводот.

Имено, Карди Би го оставила својот сопруг поради секс во тројка.

Како што пренесува “Daily Mail”, раперката од Офсет побарала развод недолго откако во медиумите се појавија СМС пораки во кои тој наводно пробувал да договори секс во тројка. Во тоа време, Карди Би се спремала да се породи и не знаела дека нејзиниот сопруг планира да ја изневери.

View this post on Instagram

#complexcon #pillowtawkk ✔️

A post shared by Lets Talk About It… (@pillowtawkk) on

Во личните пораки, Офсет од една жена под името Самр Бани побарал да му договори секс во тројка со неа и со раперката Кјубан Дол. Истите пораки на Инстаграм ги објавила трета жена која ја означила и Карди Би.

Медиумите пренесуваат дека Самр подоцна се извинила за се’ и фактот што можеби токму таа е причината што раперката и музичарот се разведуваат само пет месеци по раѓањето на нивното дете.

“Не знаев дека нивниот брак е толку сериозен. Срам ми е поради се’ што се случи, мојата намера никогаш не беше да го распаднам нивното семејство и брак”, изјавила таа во видеото кое го пренел порталот “TMZ