Се разведува еден од најубавите селебрити парови?

Се разведува еден од најубавите селебрити парови?

Бредли Купер и Ирина Шајк наводно раскинале и одлучиле секој да тргне по својот пат.

Еден од најубавите холивудски парови, манекенката и актерот, веќе некое време не живеат заедно, пренесува МТО.

Иако се нагаѓаше дека сето тоа е поради актерката и кантавторката Лејди Гага, со која Бредли поминуваше многу време поради филмот „Ѕвездата е родена“, непознат извор вели дека причината за нивната разделба сепак не е таа.

Причината поради која се разделиле наводно е желбата на манекенката да го споделува својот приватен живот јавно, што на актерот не му се допаѓа.

Имено, Бредли наводно сака приватниот живот да го чува подалеку од социјалните мрежи и очите на јавноста. Нивниот брак не функционира веќе некое време, уште пред претпоставките за аферата во која актерот го поврзаа со пејачката.