Се породи Богдана Ражнатовиќ

Се породи Богдана Ражнатовиќ

Вељко и Богдана Ражнатовиќ станаа родители, а фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ стана баба.

Богдана се породила вчера, утрото во  10 часот на една приватна клиника во Белград. Бебето е тешко 3 360 кг, долго 53 центиметри.

Породувањето било со помош на царски рез, а ја породил докторот кој ја породи и Цеца, доктор Миленко Пророчиќ.

Вељко присуствувал на породувањето и заедно со својата сопруга го чекале наследникот.