Се поизвесно заминувањето на Ракитиќ од Барселона

Се поизвесно заминувањето на Ракитиќ од Барселона

Каталонскиот весник Спорт објави вест дека Барселона сака да се ослободи од услугите на хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ.

Беше битен дел од нашата екипа, но не знам дали ќе биде и понатаму оваа сезона – рече тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде, веднаш по завршувањето на пријателскиот натпревар против Челси, кој шпанскиот првак го загуби со 1-2.

Спорт пишува дека во Каталонија сè помалку се тие што сметаа дека Хрватот ќе остане во тимот уште повеќе што Барса сега на средината на теренот ги има Артур и Френки де Јонг.

Ракитиќ пред неколку дена истакна дека сака да ја напушти Барселона, а за неговите услуги најзагреани се ПСЖ и Манчестер јунајтед.