Се ожени Шејн Мекгоуен, Џони Деп му свирел на свадбата

Се ожени Шејн Мекгоуен, Џони Деп му свирел на свадбата

Џони Деп како специјален гостин свирел во понеделникот на венчавката на музичката легенда Шејн Мекгоуен, пренесуваат медиумите.

Мекгоуен и Деп се одлични пријатели повеќе од 20 години.

Шон Мекгоуен, 60-годишниот пејач и текстописец на ирскиот бенд „The Pogues“ кој е прикован во инвалидска количка по фатален пад, стапил во брак со долгогодишната девојка Викторија Кларк.

 

Свадбата се одржала во данската престалнина Копенхаген, а доаѓањето на Деп го потврди само еден ден претходно идната сопруга на Шејн за ирското издание на весникот The Independent.

„Сакавме ова да биде приватен настан, но бидејќи е невозможно да биде чуван во целосна тајност, повикавме неколку пријатели и членови на семејството и го претворивме во малечка убава прослава“, рече Кларк.

Деп инаку е познат и по неговиот холивудски супербенд „The Hollywood Vampires“„, заедно со Алис Купер и Џо Пери од „The Aerosmith“. Свиреше и на албумот „Be Here Now“ на Oasis од 1997 година.