Се оформи елка од над 4.000 луѓе во Скопје

Се оформи елка од над 4.000 луѓе во Скопје

Над 4.000 граѓани вчера се собраа на плоштадот „Македонија“ во Скопје за да се обидат да срушат рекорд и да влезат во Гинисовата книга.

Облечени во зелени и црвени најлонски наметки тие оформија огромна елка. На овој интересен потфат присуствуваше и градоначалникот Петре Шилегов.

Се очекуваше да учествуваат околу 5.500 лица, но за жал таа бројка не се постигна. Најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници.

„Благодарност до сите граѓани, сите скопјани, што земаа учество во оваа предновогодишна манифестација. Направени се снимките, тие ќе бидат испратени и деновиве ќе очекуваме известување дали е соборен Гинисовиот рекорд. Ние очекувавме околу 5500 луѓе, не успеавме да ја доловиме таа бројка, но имаше околу 4000 луѓе што е блиску до рекордот од 4.030 учесници и треба да почекаме официјално да видиме дали е срушен рекордот. Верувам дека доколку ова биде рекорд, на сите што беа учесници ќе им претставува убав спомен во нивните животи“ – изјави Шилегов.