Се најавуваат две нови сезони од ”La Casa De Papel”

Се најавуваат две нови сезони од ”La Casa De Papel”

Хит серијата ”La Casa De Papel” на Netflix, позната и како ”Money Heist”, е една од најпопуларните серии на денешницата, а откако ја изгледаа последната достапна, четврта сезона, гледачите со нетрпение чекаат новости за објавување на следните епизоди , како и детали за петтата сезона, која веќе подолго време е предмет на бројни шпекулации на Интернет.

Netflix дополнително ги воодушеви своите фанови со најновите, официјални вести за објавување на не само една, туку и две нови сезони. Други грабежи, но исто така и ќе започне нова приказна за која не се сомневаме, ќе биде подеднакво возбудлива и напната! ”La Casa De Papel”  е дефинитивно вистински феномен кога зборуваме за успехот на самата серија кога за прв пат започна да се емитува, во 2017 година, серијата беше толку непопуларна што дури постоеше и шанска за нејзино откажување, но кога правата на серијата ги купи Netflix, серијата достигна глобален успех и стана најпопуларното сценарио на странски јазик.