Се доведува ли во прашање легалноста на моторот на болидот на Ферари?

Се доведува ли во прашање легалноста на моторот на болидот на Ферари?

За време на зимските тестови ФИА најави поостри мерки во врска со регуларноста на погонските единици, за да може сите произведувачи да имаат приближни перформанси.

Но, по доаѓањето во Бахреин ги изненади брзината на Ферари, чии болиди, според мерењата на правците, добиваа предност од околу четири десетинки. Според некои пресметки, тоа е разлика од околу 40 коњски сили.

Ние помисливме дека ФИА успеа да ги затвори сите дупки во правилникот – изјавил шефот на техничкото одделение на тимот на Ред Бул, Адријан Њуи.

Од друга страна, според проценката на шефот на Ред Бул, Христиијан Хорнер, спонзорот на Ферари, компанијата за нафтени деривати, Шел, успеала да пронајде нешто ново:

Горивото од гаражата на Ферари мириса на сок од грејпфрут… – изјавил Хорнер за магазинот Автомото и спорт.