Се чувствувате ненаспано ? Како до подобар сон ?

Се чувствувате ненаспано ? Како до подобар сон ?

Замислете дека неколку ноќи по ред не можете да спиете, ноќта ви се чини кратка и се будите наутро уморни и без енергија. Потоа замислете дека ова трае одреден временски период и запрашајте се како дефицитот од квалитетен сон би влијаел на вашето секојдневно функционирање?

Потребата за сон е различна кај секој човек, а просечно се потребни 6 часа на квалитетен сон за  нашето тело оптимално да функционира. Брзиот начин на живот, брзото темпо и работните обврски понекогаш ни налагаат да го кратиме времето за одмор и сон, па ако идеалното време за сон е 6 часа- се учиме да се задовлиме и со скромни 4 часа. Кај спортистите потребата за сон е поголема, а посветените и професионалните спортисти знаат дека квалитетниот сон е еден од клучните фактори за нивниот успех и постигнувања. Сонот им е потребен на спортистите поради одмор и раст на мускулите, регулација на хормоните и регенерација на ткивата. Потребата за сон е особено поголема кај оние спортисти кои се во процес на подготовка или натпреварување, затоа што недостатокот од сон влијае врз метаболизмот на глукозата, од која зависи и регенерацијата на мускулите. Сепак, недостатокот од сон не влијае на физичката издржливост туку влијае врз фокусот и изведбата на вежбата. На пример, трчањето или пак вежбите со тежина можат да станат ваша најголема ментална и психичка борба, ако притоа на телото не му дозволувате да се одмори толку колку што му е потребно. На психички план, може да се јави иритабилност, лошо расположение и помала анксиозност. Исто така не ретко се јавува и пореметување на метаболизмот и на апетитот.

Една од најчестите грешки кои сите ние ја правиме е во однос на нашата рутина. Идеално би било кога нашето тело би го подготвувале секоја вечер во исто време, во ист термин за сон. Потоа следува проверување на сите профили на социјалните мрежи. Додека прочитаме некој статус на Фејсбук или пак прелистаме неколку фотографии на Инстаграм и твитаме на Твитер, можеме да изгубиме дури и драгоцени 2 часа (некогаш и повеќе). Следна причина поради која најчесто имаме лош сон е лош е неудобниот кревет или душек. На тој начин на нашето тело не му обезбедуваме физиолошки удобна положба, а тоа една од најглавните причини поради која се будиме уморни или со болки во вратот и главата. Вежбањето навечер исто така негативно влијае на сонот. Некои луѓе практикуваат тренинг во вечерните часови, а на тој начин го прекинуваме мирниот процес кој не води во сон. Преку тренингот во текот на тенот се чувствуваме полетни и полни со енергија, но со трениннгот во доцните часови ја покачуваме температурата на телото и неговата активност- па сонот на тој начин го одложуваме со сигурност и повеќе од неколку часа.

Како до подобар сон?

  1. Подгответе ја просторијата/ собата. Проветрете ја просторијата и обезбедете оптимална температура во просторијата. Спиење во многу топла просторија често знае да го наруши сонот. Затемнете ја просторијата, со тоа што ќе бидете сигурни дека првите сончеви зраци нема да ве разбудат порано од планираното. Менувајте ја постелнината почесто, бидејќи уредно наместен кревет ќе ги измами вашите чувства полесно да заспиете.
  2. Редовни оброци. Поради хаотичниот дневен распоред многу често се доведуваме во ситуација оброците да ни бидат нередовни и да посегнеме кон некоја “потешка” храна пред планираното време за спиење. Наместо ова, обидете се да имате помали и почести оброци во текот на денот, а навечер пред планираното време за спиење можете да се напиете чаша чај или пак чаша топло млеко.
  3. Течности. Сите знаеме дека внесот на одредено количество на течности е потребно за нормално функционирање на телото. За нашето тело да биде доволно хидрирано треба да ги задоволиме неговите дневни потреби и да спречиме напад на жед доцна во ноќта па така да го нарушиме нашиот сон со неколку станувања од креветот.
  4. Активност. Вежбање во доцните часови може да го наруши вашиот сон, но исто така и недоволната физичка активност. Обезбедете барем минимална физичка активност во текот на денот!