All Screen паметен телефон на Леново!

All Screen паметен телефон на Леново!

Потпретседателот на Lenovo, Чанг Ченг го претстави тизерот од новиот паметен телефон на социјалната мрежа Weibo за кој што вели дека е првиот All Screen паметен телефон на светот.

Тоа значи дека екранот на идниот телефон на Lenovo ќе ја зафаќа целата предна страна и ќе биде „ограничен“ само од тенките рабови. Од iPhone X и останатите телефони кои што го следеа трендот на Apple за поставување на „заб“ на врвот на екранот, ќе се разликува по тоа што истиот воопшто нема да го има.

Тизер фотографијата на телефонот наречен Lenovo Z5 го открива делумно предниот изглед на телефонот за кој што од компанијата тврдат дека екранот зафаќа 95% од неговата предна страна.

Ченг откри дека новиот телефон на Lenovo ќе има четири технолошки новитети, вклучувајќи дури 18 патентирани технологии.

Засега кога станува збор за All Screen е Mi Mix 2 на Xiaomi чиј што екран зафаќа 91,3% од предната страна на телефонот, но и натаму овој телефон има мал раб на долниот дел каде што е сместена и камерата за селфи.