Саудискиот принц упорен да го купи Манчестер Јунајтед

Саудискиот принц упорен да го купи Манчестер Јунајтед

Принцот на Саудиска Арабија Мухамед бин Салман е подготвен да плати мало богатство за Манчестер Јунајтед, но сопствениците велат дека клубот не е на продажба. Саудискиот принц сака да стане сопственик на еден од најпопуларните фудбалски клубови во светот, но како што стојат работите, тој дури и нема да го направи тоа за неверојатна сума од четири и пол милијарди евра.

Семејството Глазер, кој го презеде клубот во 2005 година, не сака да го продаде клубот, а тоа го потврди и извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудвард.

Мухамед бин Салман, наводно, двапати доставил понуда за клубот, последната вредна четири милијарди евра. Но, и по таа понуда сега понудил дополнителни 500 милиони евра со што вкупната понуда е 4.5 милијарди евра.

Идејата на Салман е да го надмине шеикот на Абу Даби, Мансур бин Заид, кој е сопственик на градскиот ривал „ѓавол“ – Манчестер Сити.

Навивачите на познатиот англиски клуб не се задоволни од тоа како семејството Глазер го води клубот.