Саша Поповиќ има нов бизнис

Саша Поповиќ има нов бизнис

Саша Поповиќ  ја носи титулата еден од највлијателните луѓе во регионалниот шоубизнис.

Поповиќ неодамна се пензионираше, но продолжи да биде дел од програмата на регионалното шоу за музички таленти „Ѕвездите на Гранд“, дури и по продажбата на својот дел од продуцентската куќа.

Сепак, тој минатата година реши да покрене нов бизнис, па купи една фабрика за хармоники во Италија. Овој бизнис во моментов е на принудна пауза поради пандемијата на коронавирусот, но Саша планира да ја посети фабриката со сопругата Сузана Јовановиќ веднаш штом ќе се отворат границите. Многумина ова го прокемнтираа како „враќање на корените“ од страна на некогашниот хармоникаш Саша Поповиќ, ако се земе во предвид дека кариерата и популарноста му ги донесе токму хармониката!