Го ограбиле Саша Поповиќ!?

Го ограбиле Саша Поповиќ!?

Српскиот „Курир“ денеска пишува дека пријател од естрадата најверојатно го ограбил Саша Поповиќ и неговата вила, бидејќи точно знаел до најситен детаљ до кога нема да биде дома и каде се сите работи во куќата.

Според порталот, непознати лица завчера упаднале во куќата на Саша кога ќерка му славела 19. роденден. Знаеле каде е сефот, каде е накитот и парите, а пленот е 100.000 евра.

Била однесена и важна документација за Гранд.

Се трага по сторителите на спектакуларниот грабеж.